КЛУЧНИ СВЕДОЦИ НЕ СЕ ПОЈАВИЈА, ПРЕД СУДОТ СЕ ЧИТАА НИВНИТЕ ИСКАЗИ Одбраната тврди дека тоа е маневар на обвинителството

Судот можел да даде наредба да бидат спроведени, со оглед дека има информации дека едниот сведок на 2 мај бил во државата – реагираше одбраната.

451

Исказите на сведоците Дарио Трифунов и Александра Пепеларовска, дадени во текот на истражната постапка, беа прочитани во судницата во „Идризово“ на судењето во понеделнкот за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани откако и двајцата не се појавија на повеќе рочишта и не се достапни на органите на прогон.

Одбраната обвини дека Обвинителството свесно го прави недостапни овие два-три сведока за кои тврди дека се клучни.

– Судот можел да даде наредба да бидат спроведени, со оглед дека има информации дека едниот сведок на 2 мај бил во државата – реагираше одбраната.

Пред рочиштето Обвинителството добило изјава од родителот на Дарио Трифунов, во која се вели дека синот е во странство и нема да може да присуствува на денешното судење, но не посочил како може да се стапи во контакт со него.

Судијката Дијана Груевска-Илиевска информираше дека добила известување од МВР дека и сведокот Александра Пепеларовска не е достапна на органите на прогон. Со оглед на тоа, судијката донесе решение нивните искази дадени во текот на истражната постапка да бидат прочитани.

Дарио Трифунов во исказот во Обвинителството го опишува избувнувањето на пожарот на 16 март во дискотеката, како и евакуацијата, потрагата по другите од друштвото со кое биле вечерта излезени и како ги однеле во болница за укажување медицинска помош.

Сведокот Александра Пепеларовска во исказот пред Обвинителството објаснува за внатрешноста на дискотеката „Пулс“, но и како вечерта на пожарот видела машко лице, кое не го познава, како ги поставува прскалките на бината. Овој сведок го објаснува и моментот на избувнување на пожарот – посочувајќи дека две лица се обиделе да го изгаснат и за тоа како била извлечена од обезбедувањето, а за кое вели дека извлекувале и други.

Расправата продолжи со сослушување на директорот на Институтот за судска медицина, Александар Станков, откако на минатото рочиште беа изведени обдукциските наоди за жртвите од пожарот во дискотеката „Пулс“, во кој загинаа 63, а повредени беа повеќе од 200 лица.

ЖРТВИТЕ ВО „ПУЛС“ УМРЕЛЕ ОД ЈАГЛЕРОДНИОТ МОНОКСИД Смртоносниот гас бил главен фактор за сите, а 26 имале и водороден цијанид во крвта

Поврзани содржини