ГРАНИЦИ И РУТИНА ИЛИ ХАОС Четири родителски навики кои поттикнуваат тврдоглавост кај децата

Еве четири вообичаени грешки во родителството кои можат да придонесат за развој на тврдоглавост кај децата

74

Иако тврдоглавоста често се перцепира како карактерна црта на детето, во многу случаи таа е обликувана од секојдневните обрасци на однесување од неговото опкружување. Понекогаш дури и добронамерните родителски навики можат ненамерно да поттикнат отпор кај децата, кои постојано ги набљудуваат возрасните и учат од нивните реакции.

Еве четири вообичаени грешки во родителството кои можат да придонесат за развој на тврдоглавост кај децата, пишува „Тајмс оф Индија“.

Попуштање и покрај поставените ограничувања

Еден од најчестите обрасци што поттикнува тврдоглавост е недоследноста. На пример, родителот прво може да каже „не“, но на крајот да попушти откако детето ќе се расплаче, ќе се расправа или ќе добие напад на бес.

Повеќе за ова прочитајте ТУКА.

Поврзани содржини