КИНОТО „МИЛЕНИУМ“ ЌЕ ПРОРАБОТИ ДО СЕПТЕМВРИ? Ќе добие проектор како донација

35

Стопанската комора на Македонија и Турција (МАТТО) ќе обезбеди проектор за киното „Милениум“ во Скопје, кое до септември ќе биде ставено во функција, изјави денеска градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски.

– Морам да истакнам дека општествено одговорни компании сериозно ни помагаат изминатиов период. Преку МАТТО исто ни се обезбедува проектор за градското кино. Јас 4 години бев градоначалник на Oпштина Кисела Вода каде оставив зад себе две кина. Таму отворивме кино и во урбаниот дел во Кисела Вода, но и во Драчево, и логично е за еден голем град како нашиот град, каде што младите треба да ги насочиме повеќе кон културата, да им овозможиме пристап, евтини карти, евтини услуги, но да имаат свое градско кино. Се надевам дека до септември ќе биде ставено во функција. И тоа мислам дека е добар рок ако земеме предвид дека со години наназад не функционираше. Знаете дека таму и дрва имаше никнато зад сцената и имаше девијантни појави со години, но еве полека ги решаваме – рече Ѓорѓиевски на настанпот посветен на Скопје – Европска престолнина на културата 2028.

​Киното во Градскиот трговски центар е затворено од лани.

Поврзани содржини