ТЕЈЛОР СВИФТ СО 8 НОМИНАЦИИ ЗА АМЕРИКАНСКИТЕ МУЗИЧКИ НАГРАДИ Пејачката има освоено повеќе награди од кој било друг изведувач во историјата на оваа манифестација

Тејлор Свифт води во номинациите за Американските музички награди за 2026 година. Морган Волен, Оливија Дин, Сабрина Карпентер и Сомбр следат со по седум номинации

57

Американските музички награди ќе се вратат оваа година за своето 52-ро издание, кое ќе започне на 25 мај во MGM Grand Garden Area во Лас Вегас. Тејлор Свифт води со осум номинации, вклучувајќи ги и оние за изведувач на годината, песна на годината за „The Fate of Ophelia“ и албум на годината за „The Life of a Showgirl“ – пишува  „Ролинг стоун“.

Поп-ѕвездата ја следат Сабрина Карпентер, Морган Вален, Оливија Дин и Сомбр со по седум номинации.

Карпентер е исто така во трката за изведувач на годината, додека Дин и Сомбр ги добија своите први номинации за овие награди, меѓу кои и за нов изведувач на годината.

Тејлор Свифт, која има освоено повеќе награди од оваа манифестација од кој било друг изведувач во нејзината историја, минатата година имаше шест номинации.

Нејзината турнеја „Eras Tour“, која траеше од 17 март 2023 до 8 декември 2024 година, односно вкупно 632 дена, стана најуспешната концертна турнеја на сите времиња.

Притоа, од продажба на билети пејачката оствари повеќе од две милијарди долари приход. Нејзината одлука повторно да ги сними своите рани албуми во голема мера се поврзува со тоа што ги поттикна и другите уметници да се борат за поголема контрола и права врз сопственото творештво.

Свеченото доделување на Американските музички награди ќе го води глумицата и пејачка Квин Латифа, а настанот ќе се емитува во живо на телевизија и преку стриминг-платформи.

Поврзани содржини