30 МИЛИОНИ НА ЧАС, 234 МИЛИЈАРДИ ДО НОВА ГОДИНА Војната во Иран ги полни касите на нафтените гиганти

Големите компании за нафта и гас остваруваат огромни профити додека цените растат за потрошувачите. Анализата покажува дека кризата директно се прелева во нивна корист. Најголем добитник е саудискиот гигант „Арамко“, со потенцијален профит од 25,5 милијарди долари.

214

Војната во Иран се претвора во златна жила за најголемите енергетски компании во светот. Сите 100 водечки нафтени и гасни компании заработувале повеќе од 30 милиони долари на час во првиот месец од конфликтот, пишува „Гардијан“.

Цената на нафтата скокна на околу 100 долари за барел, што донесе дополнителни 23 милијарди долари профит за само еден месец.

Ако цените останат на истото ниво, компаниите може да заработат до 234 милијарди долари до крајот на 2026 година.

Најголем добитник е саудискиот гигант „Арамко“, со потенцијален профит од 25,5 милијарди долари.

Руските компании, како „Газпром“, „Роснефт“ и „Лукоил“, исто така се меѓу најголемите корисници.

Многу држави веќе ги намалија даноците за гориво за да го ублажат ударот, што значи помалку пари за јавни услуги, пишува „Гардијан“.

Расте притисокот за воведување даноци на неочекуваните профити. Европската комисија разгледува иницијатива компаниите да го поделат товарот со граѓаните. Целта е да се финансира олеснување за потрошувачите и да се ублажи инфлацијата.

Кризата повторно ја отвори дебатата за зависноста од фосилни горива. Експертите предупредуваат дека ваквите конфликти покажуваат колку е кревка енергетската безбедност.

Обновливите извори се посочуваат како алтернатива што може да ги заштити економиите од вакви шокови.

Поврзани содржини