ВИДЛИВИ КУЛТУРНИ СОДРЖИНИ, НОВО ПОГЛАВЈЕ ЗА СКОПЈЕ Ѓорѓиевски и Љутков потпишаа соработка за „Скопје 2028“ 

Град Скопје и Министерството за култура потпишаа меморандум за соработка со кој се најавуваат нови културни и туристички содржини за домашните и за странските посетители. Проектот треба да придонесе за поголема видливост на културното наследство и подготовките за „Скопје 2028“.

2

Нови препознатливи содржини за домашните и за странските туристи со кои ќе се оживеат урбаната меморија и културното наследство предвидува Меморандум за соработка кој го потпишаа Град Скопје и Министерството за култура.

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски вели дека со ова се отвора ново поглавје во соработката во културата и културно-туристичката понуда на градот.






„Овој документ е важен чекор кон посилно позиционирање на Скопје како отворен, гостопримлив, културно жив и автентичен европски град.

Скопје 2028 – Европска престолнина на културата е процес на вистинска трансформација на градот.
Процес во кој ќе ја зачуваме нашата традиција, ќе го афирмираме културното наследство, ќе ја оживееме урбаната меморија и ќе создадеме нови содржини кои ќе бидат препознатливи и за домашните и за странските посетители“, вели Ѓорѓиевски.

Градоначалникот најави дека ќе се работи на поголема видливост на културно-историските локалитети, туристичките атракции и јавните културни простори, но и на подобри услови за информирање, престој и ориентација на посетителите во нашиот град.

„Скопје има огромен потенцијал. И како град на културата, и како град на туризмот, и како град на средби, приказни, традиција и современа енергија“.

Ѓорѓиевски истакнува дека продолжува градски власти ќе продолжат да го градат Скопје како културен центар на Македонија и достоинствена Европска престолнина на културата во 2028 година.
Поврзани содржини