КАКО ЛИ ЌЕ БИДЕ ПРЕЧЕКАН НА „ЏУЗЕПЕ МЕАЦА“? Поранешниот фудбалер на Интер официјално е нов тренер на Јувентус

Мота и Јувентус потпишаа договор за соработка до јуни 2027 година.

524

Италијанскиот фудбалски гигант Јувентус го назначи вечерва Тијаго Мота за нов тренер.

Мота на клупата седнува на местото на Масимилијано Алегри, а италијанските медиуми пренесуваат дека новиот тренер на Јувентус потпишал договор вреден 3,5 милиони евра по сезона. Износот може да достигне максимални пет милиони евра со бонуси.






Мота и Јувентус потпишаа договор за соработка до јуни 2027 година.

Минатата сезона Јувентус го освои третото место во Серија А, додека Мота и неговата Болоња беа најпријатното изненадување во сезоната и на крајот завршија на петтото место.

Мота е роден во Бразил, но долго време има италијански пасош. Како фудбалер одигра еден натпревар за Бразил и 30 натпревари за Италија и постигна еден гол.

На клупски план Мота настапуваше за Барселона, Атлетико Мадрид, Џенова, Интер и ПСЖ.

Поврзани содржини