🎥 КАРМИНА БУРАНА ЗВУЧИ МОЌНО ВО ГРАДСКИОТ ПАРК Звукот на обединети филхармонии и хорови
Концертот на отворено ги обедини Државниот симфониски оркестар на Солун, Филхармонијата на Република Северна Македонија и Софиската филхармонија.
Заедничката изведба на делото „Кармина Бурана“ (Carmina Burana) од Карл Орф, се одржува вечерва (20 јуни 2026 година) во Градскиот парк во Скопје.
Концертот на отворено ги обедини Државниот симфониски оркестар на Солун, Филхармонијата на Република Северна Македонија и Софиската филхармонија.
Под диригентската палка на Најден Тодоров, речиси 240 музичари и уметници од Грција, Северна Македонија и од Бугарија го изведуваат на сцена едно од најпрепознатливите дела на 20-тиот век.
На концертот учествува и хорот на МОБ.

На концертот е планирано да настапат и меѓународно признатите солисти Ана Дурловски (сопран), Николас Спанос (тенор) и Иво Јорданов (баритон), заедно со Хорот на Државното музичко училиште од Солун и Детскиот хор „Пиколо“.
Погледнете дел од изведбата и на следниов линк