САД ДА ВНИМАВААТ СО ЗАКАНИТЕ, ИРАН Е ПОДГОТВЕН ДА ВОЗВРАТИ Галибаф му одговори на Трамп

Иранската страна предупредила дека доколку не заврши воената интервенција на Израел во Либан, преговорите за какви било прашања меѓу САД и Иран нема да продолжат.

0

САД треба да бидат внимателни со своите изјави, изјави главниот ирански преговарач со САД во швајцарското одморалиште Обирген, претседателот на иранскиот парламент, Мохамед Багер Галибаф.

– Соединетите Американски Држави треба да бидат внимателни со своите изјави. Нашите вооружени сили се подготвени да реагираат – рече Галибаф.






Иранската делегација протестирала до американската делегација по заканите што претходно денеска ги упати американскиот претседател Доналд Трамп.

Трамп прво му се закани на Иран дека ќе го „удри уште посилно“ ако не го запре својот сојузник во Либан – Хезболах, а потоа упати закани и до иранските преговарачи дека „нема да се вратат во својата земја“ ако Техеран повторно го блокира Орускиот Теснец.

Според информации од иранските државни медиуми, на преговорите во Швајцарија треба да се финализира нацрт-компромис за санкциите врз иранската нафта.

Но, иранската страна предупредила дека доколку не заврши воената интервенција на Израел во Либан, преговорите за какви било други прашања меѓу САД и Иран нема да продолжат.

АКО ГО ЗАТВОРИТЕ ОРМУС, НЕМА ДА СЕ ВРАТИТЕ ВО ИРАН! Трамп жестоко им се закани на преговарачите од Техеран

Поврзани содржини