АКО ГО ЗАТВОРИТЕ ОРМУС, НЕМА ДА СЕ ВРАТИТЕ ВО ИРАН! Трамп жестоко им се закани на преговарачите од Техеран
Затворете го Ормускиот Теснец и повеќе нема да имате земја. Нема ни да се вратите во вашата е...а земја. Можеби ќе го преземеме теснецот ако треба. Ќе го дигнеме во воздух. По истекот на 60-те дена, можам да правам што сакам, се закани американскиот претседател Доналд Трамп.
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска се закани дека САД би можеле „да го преземат Ормускиот Теснец“ ако не се постигне договор со Иран и упати ссеризни закани до иранската делегација што преговара во Швајцарија.
– Можеби ќе го преземеме Ормускиот Теснец, доколку е потребно. Ако не постигнат договор, ќе наплаќаме за премин – рече Трамп во телефонско интервју за Фокс њус.
Иранските државни медиуми вчера објавија дека иранската воена команда одлучила да го затвори Ормус, поради израелските прекршувања на прекинот на огнот во Либан и затоа што САД „не ја спроведоа“ првата точка од привремениот договор за завршување на војната.
– Затворете го Ормускиот Теснец и повеќе нема да имате земја. Нема ни да се вратите во вашата е…а земја. Можеби ќе го преземеме теснецот ако треба. Ќе го дигнеме во воздух. По истекот на 60-те дена, можам да правам што сакам – изјави Трамп.
Тој повтори дека САД би можеле да станат „ангел чувар“ на Ормус и да земаат 20 проценти од нафтата што поминува низ него.
Прашан за изјавата на иранскиот претседател Масуд Пезешкијан дека Иран го задржува правото да збогатува ураниум, Трамп реагираше жестоко:
– Подобро да внимава што зборува. Подобро да се смири или ќе го преземеме остатокот од земјата.
Трамп претходно му се закани на Иран дека повторно ќе го „удри уште посилно“ ако не го запре својот сојузник во Либан – Хезболах.
Во Швајцарија денеска се одржуваат мировни преговори помеѓу делегации на САД и на Иран, за постигнување траен мир на Блискиот Исток.