15-ГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ СЕ ОБИДЕЛО ДА СЕ САМОУБИЕ ПОРАДИ НАСИЛСТВО ОД ТАТКОТО Обвинителството ќе го гони за загрозување на сигурноста

Осомничениот 56-годишник подолго време ги малтретирал сопругата и нивните две деца на возраст од 18 и 15 години, а тие од страв не го пријавувале, сè додека 15-годишната ќерка, не можејќи да ги издржи заканите, навредите и притисокот од таткото, се обидела да си го одземе животот, соопшти Јавното обвинителство.

3

Скопјанец долго време вршел семејство насилство врз сопругата и двете деца, по што неговата 15-годишна ќерка се обидела да се самоубие.

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против него за кривичното дело Загрозување на сигурноста од член 144  од Кривичниот законик.






„Осомничениот 56-годишник подолг временски период психички и физички ги малтретирал сопругата и нивните две деца на возраст од 18 и 15 години. Иако постојано манифестирал агресивно однесување, домашните од страв не го пријавувале, сè додека 15-годишната ќерка, не можејќи да ги издржи заканите, навредите и притисокот од таткото, се обидела да си го одземе животот“, соопшти Јавното обвинителство.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување повеќе мерки на претпазливост кои вклучуваат: забрана на осомничениот да го напушти живеалиштето, обврска да се јавува во судот, привремено одземање на патната исправа, забрана за приближување или воспоставување контакти или врски со оштетените и забрана за посетување на локациите каде тие се движат.

Поврзани содржини