ПРЕТПЛАДНЕ ГОРЕШТИНИ, ПОПЛАДНЕ НЕВРЕМЕ Летото почнува громогласно

Најтопло ќе биде во Гевгелија, со дневна температура до 38 степени Целзиусови.

509

Времето утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, најави Управата за хидрометеоролошки работи.

Во попладневните часови ќе има развој на нестабилна облачност, проследена со дожд, грмежи, засилен ветер и ќе има услови за појава на град.






Ќе дува слаб до умерен, повремено засилен ветер од северен правец.

Најтопло ќе биде во Гевгелија, со дневна температура до 38 степени Целзиусови. Утринската температура најниско ќе се спушти до Маврово, до 11 степени.

 

Фото: УХМР

 

Во Скопје претпладне ќе биде сончево време со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има услови за развој на нестабилна облачност, проследена со дожд, грмежи и засилен северен ветер. Температурата ќе се движи од 17 степени наутро, до 35 степени во текот на денот.

Потоа следува период на променливо облачно и нестабилно време со врнежи од дожд.

Врнежите ќе бидат пообилни во вторник и во среда и наместа ќе наврне над 15 литри на квадратен метар.

Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме проследено со пороен дожд, засилен ветер и грмежи и услови за појава на град. Ќе дува умерен ветер претежно од северен правец.

Фото: УХМР
Поврзани содржини