НЕРОАЗУРИТЕ ЈА „ЗГАЗИЈА“ КОНКУРЕНЦИЈАТА Интер слави шампионска титула со двоцифрена предност

Интер со победа над Парма ја обезбеди 21-та титула во Серија А, оставајќи го Наполи далеку зад себе на три кола до крајот.

72

Фудбалерите на Интер ја обезбедија шампионската титула во италијанската Серија А, откако на домашен терен славеа против Парма со 2:0 во рамки на 35. коло.

Со оваа победа, „нераѕурите“ стигнаа до недостижни 12 бода предност во однос на второпласираниот Наполи, на само три кола до крајот на сезоната, со што математички ја заверија титулата.

Интер поведе во финишот на првото полувреме, кога Маркус Турам погоди во 45+1. минута по асистенција на Пјотр Зелински. Конечните 2:0 ги постави Хенрик Мхитарјан во 80. минута, со што ја потврди доминацијата на домаќините.

На табелата, Интер има 82 бода, пред Наполи со 70 и Милан со 67.

Ова е вкупно 21. шампионска титула за Интер, со што клубот се зацврсти на второто место на вечната листа, зад Јувентус кој има 36 титули, додека Милан останува трет со 19.

Поврзани содржини