ИЗРАЕЛ ИЗВРШИ НАПАД ВРЗ ЈУЖЕН ЛИБАН Прекршен прекинот на огнот
Според Франс прес, нивни дописник слушнал и продолжено артилериско гранатирање во подрачјето на градот Набатие.
Израелски напад е изведен врз местото Суџуд во јужен Либан по објавувањето на договорот за прекин на огнот меѓу Израел и либанското шиитско движење Хезболах, поддржано од Иран, јавува либанската Национална новинска агенција (ННА).
Агенцијата исто така извести за летови на беспилотни летала над населени места во околината на големиот јужен град Тир.
Според Франс прес, нивни дописник слушнал и продолжено артилериско гранатирање во подрачјето на градот Набатие.
Засега нема информации за евентуални жртви или за обемот на причинетата материјална штета.