ДВЕ ДЕВОЈЧИЊА СЕ УДАВИЈА НА ПЛАЖА ВО АЛБАНИЈА Трагедијата се случила во близина на градот Леже
Се претпоставува дека влегле во водата, биле повлечени од морските струи и не можеле да испливаат назад до брегот.
Трагедија се случи на плажата Тале, во близина на градот Леже во Албанија, каде што две малолетни девојчиња се удавија во морето, објави Индекс.хр.
Според прелиминарните информации, жртвите, на возраст од 11 и 13 години, биле во дел од плажата без надзор, без присуство на обезбедувачи или спасувачи. Се претпоставува дека влегле во водата, биле повлечени од морските струи и не можеле да испливаат назад до брегот.
Нивните тела биле извлечени од морето и пренесен во мртовечницата на Регионалната болница Леже.
Во меѓувреме, полицијата пристигнала на местото на настанот за целосно расветлување на причините и околностите за овој трагичен случај.