ИЗЛЕЗНОСТА ВО БРВЕНИЦА ДО 15 ЧАСОТ Е 31,17 ПРОЦЕНТИ, ПОГОЛЕМА ОД ИЗБОРИТЕ ВО 2024 ГОДИНА Изборите се одвиваат мирно и непречено

Според податоците на ДИК, до 15 часот гласале 5.064 граѓани на сите 24 избирачки места во општината

0

Гласањето на предвремените избори за градоначалник на општина Брвеница до 15 часот се одвива непречено и без забележани потешкотии, а излезеноста изнесува 31,17 проценти, соопшти Државната изборна комисија на прес-конференција.

Според податоците на ДИК, до 15 часот гласале 5.064 граѓани на сите 24 избирачки места во општината. Во споредба со првиот круг од локалните избори во 2025 година, кога до истиот временски пресек гласале 4.932 избирачи, излезеноста е зголемена за 0,62 процентни поени.






Од Комисијата информираа дека до попладневните часови биле поднесени 7 приговори, од кои 2 се усвоени и избирачите го добиле своето избирачко право, еден е одбиен како неоснован, додека 4 се во постапка на разгледување.

ДИК најави дека следниот пресек на излезеноста ќе биде соопштен во 18:30 часот, врз основа на податоците заклучно со 18 часот.

Жителите на Општина Брвеница денеска избираат градоначалник на вонредните локални избори, распишани по смртта на градоначалникот Јовица Илиевски, кој почина на 23 јуни годинава.

За градоначалничката функција се кандитирани шест кандидати. Стојанчо Радически е кандидат на коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Јовица Радески е кандидат на коалицијата предводена од СДСМ, Јакуп Усеини настапува како кандидат на коалицијата ВРЕДИ, Аркин Јахији е кандидат на Националната алијанса за интеграција (НАИ), а во трката се и независните кандидати Душан Богдановски и Арифе Идризи.

Функцијата вршител на должност градоначалник во изминатиот период ја извршуваше Роберт Милошески.

Во Избирачкиот список се запишани вкупно 16.256 избирачи од десетте населени места во општината.

Поврзани содржини