🎥 ГРАБЕЖИ НА ЛУКСУЗНИ ПРОИЗВОДИ ШИРУМ ФРАНЦИЈА ЗА ВРЕМЕ НА НАСИЛНИТЕ ПРОТЕСТИ Макрон најави дека крадците и вандалите ќе одговараат кривично
Во Франција нема место за насилство, објави францускиот претседател Емануел Макрон на Икс.
Тие што напаѓаа, вандализираа и ограбија префектури и претпријатија за време на вчерашните насилни протести во Франција ќе бидат кривично гонети и казнети, порача францускиот претседател Емануел Макрон.
„Во Франција нема место за насилство“, објави Макрон на платформата Икс.
Ја изразувам поддршката на нацијата за полицијата, додаде тој.
„Сите ќе се бориме обединето против оние кои сеат хаос, кои сакаат само да ги уништат нашите институции и да ги спречат оние што мирно ги изразуваат своите барања да го прават тоа“, предупреди Макрон.
The looting continues in Paris https://t.co/usieB9ZHhf
— Visegrád 24 (@visegrad24) October 17, 2026
Францускиот премиер Себастијан Лекорну потврди дека во немирите низ Франција се уапсени 1.200 демонстранти и оцени дека за време на протестите се случило „неприфатливо ниво на насилство“.
За време на обиколката и прошетката низ улиците на Париз, во придружба на силни полициски сили, Лекорну порача дека „правдата ќе биде задоволена“.
Лекорну, исто така, соопшти дека 150 полицајци и жандарми се повредени во немирите низ целата земја.
Насилните протести што избувнаа низ Франција синоќа прераснаа во вандализам, пожари и масовни грабежи на продавници. Според извештаите, демонстранти упаѓале во продавници за луксузна стока, маркети, пекарници и продавници за електроника, при што биле ограбени објекти на познати светски брендови, меѓу кои „Ермес“, „Луј Витон“, „Диор“, „Ролекс“ и „Епл“.
Во Париз се испразнети рафтовите на продавниците за луксуз, во Марсеј се демолирани десетици продавници. Грабежи се регистрирани и во Бордо, во северниот град Лил и на југот на Франција во Ница, каде биле ограбени продавници за спортска опрема, како и салон за мотоцикли.
📽️ ФРАНЦИЈА ВРИЕ, ДЕМОНСТРАНТИТЕ УПАДНАА ВО ГРАДСКО СОБРАНИЕ Солзавец во Париз, 166 лица се уапсени