„СЕ НАДЕВАМ ДЕКА АМЕРИКАНЦИТЕ ВНИМАВААТ“ Венс ја обвини имиграцијата за насилството на протестите во Франција

Западните либерали го увезоа третиот свет во Франција и другите земји во име на различноста и сочувството. Тие ги игнорираа фундаменталните прашања за асимилација и компатибилност. Беа предупредени дека тоа ќе доведе до ваков вид насилство, но тие не слушаа, напиша американскиот потпретседател Џеј Ди Венс на Икс.

12

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс ја обвини имиграцијата за насилството за време на протестите вчера во Франција.

Во објава на Икс, Венс сподели и видео на кое се гледа како гори градското собрание во Лимож.






„Западните либерали го увезоа третиот свет во Франција и другите земји во име на различноста и сочувството. Тие ги игнорираа фундаменталните прашања за асимилација и компатибилност. Беа предупредени дека тоа ќе доведе до ваков вид насилство, но тие не слушаа“, напиша Венс на Икс.

Се молам Франција – прекрасна земја со неверојатни луѓе – да го запре ова лудило пред да изгорат уште нејзини знаменитости, додаде тој.

„И се надевам дека Американците внимаваат. Ова е иднината што демократите во Конгресот ја посакуваат за вашата земја“, напиша Венс.

📽️ ФРАНЦИЈА ВРИЕ, ДЕМОНСТРАНТИТЕ УПАДНАА ВО ГРАДСКО СОБРАНИЕ Солзавец во Париз, 166 лица се уапсени

Поврзани содржини