ЖИТЕЛ НА ЈЕЛОВЈАНЕ ПРОВАЛИЛ ВО ТРИ ЏАМИИ ВО ТЕТОВО ЗА ДА КРАДЕ Полицијата го уапси

Во Големата џамија на улицата Горна Чаршија, околу 5:30 часот едно лице влегло во објектот, се обидело да го пронајде клучот, а потоа со метален предмет се обидело да ја оштети и да ја отвори вратата, по што се оддалечило, соопшти полицијата.

0

Тетовската полиција го уапси 35-годишниот Д.С. (35) од селото Јеловјане, под сомнение за кражба во 3 џамии во Тетово.

„На 17.10.2026 во СВР Тетово се пријавени 3 обиди за тешка кражба и една кражба на 16.10.2026 во верски објекти на подрачјето на градот. Во верскиот објект Фирдеус на улицата Ван Вардарска, во периодот од 16.10 до 17.10.2026 година непознат сторител со употреба на физичка сила насилно го отворил прозорецот од подрумските простории и се обидел да ја отвори подрумската врата, по што го напуштил местото. Во Големата џамија на улицата Горна Чаршија, околу 5:30 часот едно лице влегло во објектот, се обидело да го пронајде клучот, а потоа со метален предмет се обидело да ја оштети и да ја отвори вратата, по што се оддалечило“, соопшти полицијата.






Пријава има и за Ески џамијата.

„Во Ески џамијата на улицата Пробиштипска, одговорното лице А.Б. (38) од Тетово пријавило дека непознато лице се обидело да го отвори и оштетил металниот сеф, кој бил пронајден поместен под столиците. По преземени оперативни мерки од полициски службеници од СВР Тетово, на 17.10.2026 година во 12:30 часот на улицата Борис Кидрич во Тетово е лишен од слобода Д.С. (35) од селото Јеловјане, поради основано сомнение за сторени кривични дела Тешка крашба и Тешка кражба во обид. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопшти полицијата.

Поврзани содржини