И УТРЕ ЌЕ ВРНЕ ДОЖД, НА СТРАЖА ВЕЌЕ ИМА МАЛКУ СНЕГ Стабилизирање на времето дури за викендот

В петок и сабота ќе настапи преодно стабилизирање на времето, а од недела ќе има локални врнежи од дожд.

88

Времето утре ќе биде облачно време со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека локално, особено во јужните делови, во текот на ноќва и утре врнежите ќе бидат пообилни, над 35 литри на метар квадратен, а на планините снежната покривка ќе се зголеми.

В петок и сабота ќе настапи преодно стабилизирање на времето, а од недела ќе има локални врнежи од дожд.






Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Снег со слаб интензитет провејува на планинските премини Стража, Ѓавато како и на Маврово, Попова Шапка и Крушево, соопшти АМСМ.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Од 15.11.2022 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2023 година.

 

 

Поврзани содржини