И ПУТИН МУ НУДИ РЕТКИ МИНЕРАЛИ НА ТРАМП Русија има повеќе ресурси од Украина

Претседателот на Русија, Владимир Путин, потенцираше дека Русија би можела да продолжи да им продава алуминиум на САД.

1,086

Претседателот на Русија, Владимир Путин, во понеделникот вечерта понуди да ги продаде руските ретки минерали на американски компании, вклучително и на оние во Украина, окупирана од Русија, дополнително подвлекувајќи ја неговата порака до Доналд Трамп дека во Русија треба да се направи профит, објави британски Гардијан.

– Подготвени сме да работиме со нашите партнери, вклучително и со Американците – рече Путин.






Тој додаде дека Русија би можела да продолжи да им продава алуминиум на САД.

– Ние, несомнено, да нагласам, имаме значително повеќе ресурси од ваков вид одошто има Украина – рече рускиот претседател.

Путин рече дека потенцијалните договори за истражување ретки метали би можеле да се прошират и на наоѓалишта на територијата во источна Украина, што Русија ја окупира по 3 години воена акција.

Претходно во понеделникот, Трамп им рече на новинарите во Вашингтон дека ќе се случат „големи трансакции за економски развој со Русија“. Во рок од 2 часа од изјавата на претседателот на САД, Путин претседаваше со ненајавен состанок со неговите министри и економски советници за ретки метали.

Според податоците на Геолошкиот институт на САД, Русија е петта во светот по големина на резерви на ретки метали, по Кина, Бразил, Индија и по Австралија.

ЕУ МУ ДАДЕ СВОЈА ПОНУДА НА ЗЕЛЕНСКИ ЗА УКРАИНСКИТЕ МИНЕРАЛИ Ривалскиот предлог бил подобар од оној на САД

Поврзани содржини