ХРВАТИТЕ ВО ТРАНС, ЌЕ СЕ БОРАТ ЗА ЗЛАТО ВО ФИНАЛЕТО Франција е соборена!

Прашањето за победникот беше решено во првото полувреме. По водството на домашните од 5:4, следуваше мини-серија во која Хрватска влезе во предност од 10:5.

781

Хрватската машка ракометна репрезентација се пласираше во финалето на Светското првенство, која во преполната сала во Загреб ја совлада Франција со резултат 31:28 (18:11).

Хрватите водеа буквално од првата до последната минута, ривалот само на стартот од мечот успеа да израмни на 1:1 и 3:3, а во борба за златото ќе играat против подобриот тим од мечот Данска – Португалија.






Прашањето за победникот беше решено во првото полувреме. По водството на домашните од 5:4, следуваше мини-серија во која Хрватска влезе во предност од 10:5. Недолго потоа семафорот гласеше 17:8 и 18:9, но до полувремето Франција некако успеа да го намали резултатот на 18:11. Триколорите подобро го отворија продолжението од мечот, одиграа поагилно во одбраната – со што се вратија на -4 (19:15).

Но, поради таа поагилна одбрана останаа и без еден од своите најдобри играчи, Емерик Мина, кој многу брзо доби црвен картон. Конан заработи двоминутно исклучување на Французите при резултат 20:15 за Хрватите, што беше доволно за повторно да се одлепат, а се добива впечаток дека дефинитивно го затворија натпреварот во 46. минута.

 

Во 57. минута Карачиќ упати седмерец, Главаш погоди за 30:26, а Французите не можеа ништо повеќе.

Поврзани содржини