ГРАДИМЕ МОДЕРНА, ПРОФЕСИОНАЛНА И ОБУЧЕНА ПОЛИЦИЈА Центарот за обука на МВР доби меѓународен сертификат

Министерот Тошковски истакна дека со акредитацијата се прави уште еден голем чекор напред во етаблирањето на Центарот за обука како врвен, кредибилен и професионално оспособен центар за обука на македонската полиција.

185

Центарот за обука на МВР во Идризово доби акредитација од Меѓународната асоцијација на директори на полициски академии за стандарди и обуки. Акредитацијата на министерот за внатрешни работи Панче Топковски му ја оредаде амбасадорката на САД, Анџела Агелер.

Министерот Тошковски истакна дека со оваа акредитација се прави уште еден голем чекор напред во етаблирањето на Центарот за обука како врвен, кредибилен и професионално оспособен центар за обука, кој му е неопходен на министерството за сите негови полициски служби и организациски единици.






– Целосно сме свесни дека стручната и професионална едукација и надоградбата се основните столбови на квалитетното функционирање на една институција и оттаму, со доаѓањето на ова раководство на министерството, развојот на Центарот во сите сегменти го поставивме како врвен приоритет. Врвното образование и надоградување, обуките и професионалноста во пристапот, очекуваме да ги привлекува најдобрите кандидати кои ќе ја продолжат својата кариера во полицијата и министерството и ќе даваат својот дел во создавање на успешно, модерно и функционално општество и држава преку борба и спречување на сите видови криминал и корупција кои директно ја спречуваат благосостојбата на граѓаните и општеството – рече министерот Тошковски.

Тој потсети дека е во тек целосна реконструкција на Центарот за обука и негово надградување во модерен образовно-стручен Центар, во кој на сите полициски службеници и вработени во МВР ќе им овозможува соодветно професионално усовршување и експертиза по сите модерни стандарди на полициското работење.

– Неодамна овде во наша близина со поддршка на нашите меѓународни пријатели го отворивме Мултимедијалниот центар за хибридно учење, кој преку користење на најмодерните и иновативни технологии ќе го унапредува знаењето и подготвеноста на секој еден полициски службеник кој одлучил да работи за својата татковина во одржување за редот и поредокот, заштита на Уставот и безбедноста на секој еден граѓанин. Една од нашите цели кон која се стремиме е да го направиме Центарот за обука регионален центар за обука во кој ќе се обучуваат кадри од областа на безбедноста и полициската практика и работење – рече министерот Тошковски.

Поврзани содржини