ГРАЃАНИ СО ТЕРМИН ЗА РЕВАКЦИНАЦИЈА НЕ ГИ ПУШТААТ Хаос во вакциналниот пункт во Чаир ФОТО

Срамота, не свадбите и прославите туку вакциналните пунктови се извор на зараза со коронавирусот, коментира скопјанка.

2,052

Турканици и напнатост меѓу граѓаните кои чекаат да се вакцинираат пред и во поликлиниката Чаир, а возрасн ажена на околу 80 години со закажан термин за ревакцинација и уште еден повозрасен маж не ги пуштиле да влезат и тие си заминале.  Во поликлиниката Чаир имало над 200 луѓе кои чекаат и внатре и надвор за вакцинација, но нема редари.

Тензично е пред влезот на поликлиниката. За вакцинација се пуштаат по десетина луѓе, има полиција и војници. Граѓаните се нервозни бидејќи чекаат и по неколку часа за да влезат и да ги боцнат. Причина за тоа е дека нема никаков ред бидејќи на исто место се пуштаат и тие кои доаѓаат да се вакцинираат без термин како и тие кои со закажан термин за ревакцинација доаѓаат во поликлиниката.






– Тука е целосен хаос. Јас имам закажано ревакцинација во 9,30, а еве после час и половина веќе чекам, а дојдов и 15 минути пред терминот и никако да влезам. Еве како што гледате пред мене има околу 40-до 50 луѓе. Добро е што луѓето се интересираат за вакцинација, но метежот мора некако да се реши – ни изјави нервозен скопјанец.

Граѓаните коментираат дека ситуацијата со турканиците мора надлежните некако да ја решат, бидејќи ова ги поминува сите граници, луѓето се нервозни, се караат меѓусебе без тие да се виновни за безредието пред вакциналните пунктови.

 

– Срамота, не свадбите и прославите туку вакциналните пунктови се извор на зараза со коронавирусот – коментира скопјанка.

Во поликлиниката Чаир за прва доза се достапни  вакцините на Синовак и на АстраЗенека а во ретки случаи, најверојатно за помладите има и Фајзер. Додека за ревакцинација ги има трите вакцини.

Поврзани содржини