ГОЛЕМО НЕВРЕМЕ СО СИЛЕН ВЕТАР НАД 70 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС ЌЕ ГО РАСИПЕ ВИКЕНДОТ Променливо облачно, па порој

Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, најави Управата за хидрометеоролошки работ

1

Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, најави Управата за хидрометеоролошки работ

Наместа ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер.

Најстудено ќе биде во Маврово со утринска температура до 4 степени, а најтопло во Гевгелија, со дневна температура до 26 степени Целзиусови.

Фото: УХМР

 

Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Температурата ќе се движи од 8 до 24 степени.

Од задутре следува период на променливо облачно време со сончеви периоди во текот на денот. Локално ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во сабота ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд, со количина над 20литри на квадратен метар, грмежи и и услови за појава на град. Ќе дува засилен до силен ветер, со брзина над 70 километри на час.

Во недела ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.

Фото: УХМР
Поврзани содржини