ГОЛЕМИ ОЛЕСНУВАЊА ЗА КОМПАНИИТЕ ВО ТРГОВИЈАТА СО УКРАИНА Направени се промени во Договорот за слободна трговија меѓу двете земји

Потпишаните документи овозможуваат понатамошна либерализација на трговијата со земјоделско-прехранбени производи и на двете страни. Воедно, се овозможува бесцарински извоз, особено на свежото овошје и зеленчук и намалена царина при извоз и увоз на голем број прехранбени производи, истакнуваат од Владата.

68

Земјава и Украина го ревидираа и дополнија договорот за слободна трговија меѓу двете земји. Денеска во Прага во рамки на првиот состанок на Европската политичка заедница двете земји потпишаа одлуки со кои се дополнува и ревидира постојниот Договор за слободна трговија со цел да се олесни слободната трговија и обезбедувањето храна меѓу двете земји.

Одлуките ги потпишаа министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски и заменик министерот за економски развој и трговија на Украина, Тарас Качка.






На свеченоста присуствуваа и премиерите на двете земји  Димитар Ковачевски и Денис Шмихал.

– Со овие дополнувања на Договорот за слободна трговија се постигнува многу поголема либерализација во врска со правилата за потекло. Ако досега за извоз во Украина се користеа само суровини од Северна Македонија и Украина и обратно, а за извозот од нашата земја се користеа само суровини со потекло од Северна Македонија и Украина, со овие нови правила ќе биде возможно да се користат и ЕУ суровини. Новиот Договор ќе овозможи користење на суровини од Украина при извоз во ЕУ и обратно – велат од Владата.

Потпишаните документи овозможуваат понатамошна либерализација на трговијата со земјоделско-прехранбени производи и на двете страни. Воедно, се овозможува бесцарински извоз, особено на свежото овошје и зеленчук и намалена царина при извоз и увоз на голем број прехранбени производи, истакнуваат од Владата.

За време на средбата на која присуствуваше и министерот за надворешни работи Бујар Османи, премиерот Ковачевски, уште еднаш ги потврди позициите на Северна Македонија за силната и недвосмислена поддршка за украинската земја и народ, за нејзината независност, суверенитет и територијален интегритет.

Премиерот на Украина Шмахил, како што се наведува во соопштението, се заблагодари за неизмерната поддршка што Република Северна Македонија ја дава за Украина.

Во разговорите премиерот Ковачевски посочи дека придржувањето кон активностите и политиките на ЕУ и на демократскиот свет, за нас како земја, значи застанување на вистинската страна, во вистински момент.

 

Поврзани содржини