🎥 ГОЛЕМ ИНЖЕНЕРСКИ ЗАФАТ НА ПРУГАТА БЕЉАКОВЦЕ-КРИВА ПАЛАНКА Се гради најдолгиот мост кој е долг 194 метри
Во моментов засилено се гради најдолгиот мост број 7, во должина од 194 метри, еден од трите неизградени моста, од вкупно 29 мостови.
Засилени градежни активности се одвиваат на пругата кон Бугарија, на делницата од Бељаковце кон Крива Паланка. Оваа делница е во должина од 34 километри. Во моментов засилено се гради најдолгиот мост број 7, во должина од 194 метри, еден од трите неизградени моста, од вкупно 29 мостови.
– Парелелно се произведуваат бетонските елементи потребни за санација на 26 полуизградени мостови од 1990-тите. Вкупно треба да се произведат 352 бетонски елементи, а до моментов се произведени 71, со динамика од 10 неделно – соопшти директорот на МЖ Инфраструктура, Синиша Ивановски и додаде дека вкупен прогрес на проектот е околу 40%.
Проекцијата до крајот на годинава е да се стигне до 50% реализација на проектот.