И МАКЕДОНИЈА И БУГАРИЈА САКААТ ШТО ПОБРЗО ДА СЕ ИЗГРАДИ ПРЕКУГРАНИЧНИОТ ЖЕЛЕЗНИЧКИ ТУНЕЛ Прв состанок на работната група за Коридор 8

Заменик министерката за транспорт, Калтрина Зеколи Шаќири потеницира дека изградбата на прекуграничниот железнички тунел е стратешки проект од регионално значење, проект што железнички ќе ги поврзе двете земји и ќе придонесе за побрз и поефикасен транспорт на стока и патници и можност за зголемување на економска соработка меѓу двете држави, соопшти Министерството за транспорт.

0

Денеска во Софија се одржа првиот состанок на работната група на Македонија и Бугарија, посветен на подготовка и реализација на изградбата на заедничкиот прекуграничен железнички тунел на Коридор 8, соопшти Министерството за транспорт.

Согласно Договорот, со работна група претседаваа замениците министри за транспорт на двете земји – Калтрина Зеколи Шаќири од страна на Македонија и бугарската колешка Цвета Тимева.






На состанокот на кој се разговараше за клучните активности поврзани со подготовка и изградбата на прекуграничниот тунел, двете страни ја потврдија својата посветеност за интензивирање на меѓусебната соработка и координација во сите фази од неговата реализација.

„Заменик министерката за транспорт, Калтрина Зеколи Шаќири потеницира дека изградбата на прекуграничниот железнички тунел претставува стратешки проект од регионално значење, проект што железнички ќе ги поврзе двете земји и ќе придонесе за побрз и поефикасен транспорт на стока и патници и можност за зголемување на економска соработка меѓу двете држави“, соопшти Министерството за транспорт.

На средбата, се додава во соопштението, беше постигната согласност за воспоставување јасна динамика на активностите, дефинирање на конкретни обврски на надлежните институции од двете земји, како и за продолжување на заедничките технички подготовки за изградба на прекуграничниот железнички тунел.

„Членовите на работната група ги утврдија следните чекори во насока на обезбедување на финансиска поддршка и техничката координација, при што беше потврдена заедничката определба за забрзување на реализација на овој стратешки инфраструктурен проект. Двете страни ја истакнаа важноста на Коридор 8 како еден од најзначајните европски транспортни коридори и ја потенцираа силната поддршка што Европската комисија ја обезбедува за неговата реализација. Во согласност со усвоените заклучоци, беше договорено следниот состанок на заедничката работна група да се одржи во Скопје, каде што ќе биде направен преглед на реализацијата на договорените активности и ќе се утврдат наредните чекори за реализација на проектот“, соопшти министерството.

Покрај заменик министерката Зеколи Шаќири како ко-претседавач, учествуваа и претставници од Министерството за транспорт, Министерството за надворешни работи, од Министерството за внатрешни работи, од Министерството за одбрана, од Министерството за животна средина и просторно планирање, претставници од Јавното претпријатие за железничка инфраструктура како и од Железници Транспорт АД-Скопје.

Владата преку Министерството за транспорт останува целосно посветена на реализацијата на стратешките инфраструктурни проекти и на унапредувањето на железничката инфраструктура, во насока на регионалната поврзаност и интеграцијата во европската транспортна мрежа.

Поврзани содржини