📽️ ГИ БРКААТ СО БУЛДОЖЕР ЗА ДА ГИ ПРЕГАЗАТ! Страшно видео на кое се гледа како израелска војска се справува со палестинските новинари!

На видеата кои кружат на интернет, а ги пренесоа и некои познати медиумски куќи, може да се видат новинари и сниматели со јасни ознаки ПРЕС на облеката, кои снимаат и известуваат.

1,687

Израелската армија се обидела да прегази палестински новинари додека снимале и известувале за армиската инвазија на логорот Џенин!

На видеата кои кружат на интернет, а ги пренесоа и некои познати медиумски куќи, може да се видат новинари и сниматели со јасни ознаки ПРЕС на облеката, кои снимаат и известуваат.






Новинската екипа на палестинската телевизија во еден момент почнува да се повлекува, бидејќи кон нив се упатува оклопно возило булдожер и се слушаат истрели.

Според извештаите, сè се случило во четвртокот, на 30 август, во близина на кружниот тек Асфур во Џенин, на север од окупираниот Западен Брег.

– Војската отвори директен оган врз нас, фала богу никој не беше повреден. Тоа беа предупредувачки истрели, поради што моравме да се повлечеме и да ја напуштиме областа – изјави за Алмајадин член на новинарската екипа.

Израел минатата недела започна голема воена операција на Западниот Брег, наведена како „антитерористичка операција за борба против теророт“ во Џенин и Тулкарм.

 

Поврзани содржини