🎥 КИНА ПОКАЖА КАКО ИЗГЛЕДА ИДНИНАТА НА НИСКОГРАДБАТА Автопат долг 158 километри го обновуваа роботи, дронови и вештачка интелигенција
Наместо класичен начин на работа, асфалтирањето и набивањето на подлогата ги изведуваа интелигентни асфалтери и автономни валјаци, кои меѓусебно комуницираа во реално време преку 5G мрежа и системи за сателитска навигација и прецизно позиционирање.
Кина успешно реализираше еден од најнапредните инфраструктурни проекти досега, користејќи вештачка интелигенција, автономни градежни машини, дронови и 5G комуникација при реконструкцијата на делница долга 157,79 километри од автопатот Пекинг–Хонг Конг–Макао (G4).
Проектот беше завршен кон крајот на септември 2024 година, на делницата што минува низ покраината Хубеи, а во него учествуваа државни и приватни кинески компании специјализирани за патна инфраструктура и интелигентна градежна механизација.
Наместо класичен начин на работа, асфалтирањето и набивањето на подлогата ги изведуваа интелигентни асфалтери и автономни валјаци, кои меѓусебно комуницираа во реално време преку 5G мрежа и системи за сателитска навигација и прецизно позиционирање. Благодарение на вештачката интелигенција, машините автоматски ја усогласуваа брзината, насоката и редоследот на движење, со што се постигнуваше значително поголема прецизност при поставувањето и набивањето на асфалтот.
На градилиштето имало само неколку инженери и технички персонал кои го следеле процесот и интервенирале доколку било потребно, но градежните машини работеле без возачи во кабините и биле управувани автоматски и од контролен центар.
Според кинеските компании вклучени во проектот, ова е првата демонстрација во светот на целосно координирано автономно асфалтирање и набивање на толку голема делница. Ваквиот начин на работа треба да ја зголеми безбедноста на градилиштата, да ги намали трошоците и да обезбеди поквалитетна и попрецизна изградба на патишта.
View this post on Instagram