НЕКОЈ ФРЛИЛ КОЖА ОД ОВЕН ВО КАНАЛИЗАЦИЈАТА!? Откриена причината за затнувањето на главниот одвод во Шуто Оризари

Засега не е познато кој и каде ја фрлил кожата од овен во канализациските цевки.

501

Градоначалникот на Општина Шуто Оризари Курто Дудуш во видео објава на Фејсбук откри што е причината за затнувањето на главната канализациска линија на улицата Индира Ганди во населбата Шуто Оризари, пренесе Рома Прес.

Според неговото кажување, проблемот настанал бидејќи во канализацијата била фрлена кожа од овен, што довело до затнување. Засега не е познато кој и каде ја фрлил кожата во канализациските цевки.






Во видеото Дудуш се осврнува на комуналните проблеми и одржувањето на редот во општината.

Поврзани содржини