ТЕШКО ПОВРЕДЕНА 15-ГОДИШНА ДЕВОЈКА Ауди ја удри на крстосницата кај Бит-пазар
Девојката била пренесена во Ургентниот центар, каде лекарите констатирале тешки телесни повреди.
Петнаесетгодишна девојка е тешко повредена откако во неа удрило патничко возило „ауди“ на крстосницата меѓу улицата „Цветан Димов“ и булеварот „Крсте Мисирков“ во Скопје.
Сообраќајната несреќа се случила на 25 ноември околу 22 часот. Автомобилот со скопски регистарски ознаки го управувал 45-годишен маж од селото Танушевци.
Повредената малолетничка била пренесена во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде ѝ биле констатирани тешки телесни повреди.