ПОГРЕБОТ ПРЕТВОРЕН ВО ПОВИК ЗА ОДМАЗДА Хамнеи вети дека „крвта ќе биде наплатена“

Врховниот лидер на Иран, Моџтаба Хамнеи, порача дека одмаздата за убиството на неговиот татко и претходник Али Хамнеи е должност што „мора да се исполни“.

0

Врховниот лидер на Иран, Моџтаба Хамнеи, порача дека одмаздата за убиството на неговиот татко, ајатолахот Али Хамнеи, е „барање на нацијата“ и дека мора да биде спроведена.

Хамнеи пораката ја објави преку платформата Телеграм, во период кога во Иран се одржуваат погребни церемонии за неговиот претходник и татко, кој беше убиен на 28 февруари, на првиот ден од војната што започна со американски и израелски напади врз Иран.






– Се колнеме дека ќе ја одмаздиме крвта на маченичкиот лидер и сите маченици од овие две војни против криминалците и посрамените убијци – наведува Моџтаба Хамнеи во своето соопштение.

Изјавата на иранскиот лидер доаѓа во период на зголемени тензии на Блискиот Исток, по конфликтот меѓу Иран, Израел и САД. Засега не се објавени детали за тоа на кој начин Техеран би ја спровел најавената одмазда.

Поврзани содржини