📽️ НАД 100 КАЈЧИЊА И 1.300 ЛУЃЕ НА „ОЈ ЉУБОВ, ЉУБОВ“ ВО ОХРИД Езерото стана сцена за овогодишниот спектакл

Староградската пловидба со ВИС „Билјана“ годинава го урна рекордот по посетеност и број на пловни објекти. Настанот што почнал со десетина кајчиња прерасна во една од највпечатливите летни традиции во Охрид.

326

Повеќе од 1.300 посетители и над 100 пловни објекти вчера учествуваа на седмото издание на староградската пловидба „Ој љубов, љубов“ во Охрид.

Настанот кој почна пред неколку години со само десет кајчиња, а денес прераснал во препознатлива летна традиција на Охридското Езеро.






Езерото практично се претвори во голема сцена под отворено небо. Публиката ја следеше музиката и од вода и од копно, додека ВИС „Билјана“ го одржаа најдолгиот концерт во историјата на настанот.

На пловидбата пристигнале гости од Охрид, од други градови во Македонија и од странство.

Културолошката иницијатива „5 до 12“, која заедно со ВИС „Билјана“ стои зад организацијата, потсетува дека не станува збор за спонтан собир, туку за внимателно организиран настан што бара сериозна координација и почитување на безбедносните насоки.

Идејата, како што посочуваат организаторите, била да се зачува староградската охридска песна, да се негува традицијата и да се претстави Охрид преку музиката, езерото и културното наследство.

Поврзани содржини