📷 МУ СЕ СЛОШИ НА ЕДИ РАМА ВО ПАРИЗ? Албанскиот премиер остана да седи среде воената парад

Премиерот на Албанија, според снимките од директниот пренос, се почувствувал лошо за време на свеченоста по повод Денот на падот на Бастилја, а при станувањето му помогнала сопругата Линда Рама.

0

На албанскиот премиер Еди Рама, според она што можеше да се забележи за време на директниот телевизиски пренос, најверојатно му се слошило за време на големата воена парада во Париз, организирана по повод Денот на падот на Бастилја.

Додека меѓународните државници на свечената трибина стоеја, Рама остана на своето место и неколку моменти седеше. Подоцна се обиде да стане, а во тоа му помогна неговата сопруга Линда Рама, која се наоѓаше веднаш зад него.






Засега нема официјални информации за неговата здравствена состојба, ниту е познато што ја предизвикало слабоста. По помошта од сопругата, Рама успеа да им се придружи на останатите официјални претставници и да продолжи да ја следи церемонијата.

Фото: Принтскрин

Гостите на плоштадот Конкорд ги пречекаа францускиот премиер Себастијан Лекорну, министерот за Европа и надворешни работи Жан-Ноел Баро, министерката задолжена за вооружените сили Катрин Вотрен, министерот за економија, финансии, индустриски, енергетски и дигитален суверенитет Ролан Лескир, како и сопругата на францускиот претседател, Брижит Макрон.

Годинешната парада, која се одржува под мотото „Стратешко будење на Европа“, собра околу 30 светски лидери. Во програмата учествуваа илјадници француски и сојузнички војници, стотици воени возила, авиони, хеликоптери и Коњичкиот полк на Републиканската гарда.

Франција годинава со воената парада одбележува и 400 години од основањето на својата морнарица.

Денот на Републиката се слави секоја година на 14 јули, во спомен на падот на Бастилја во 1789 година – настан што се смета за симболичен почеток на Француската револуција. Франција официјално го одбележува овој датум како национален празник од 1880 година.

Поврзани содржини