ФРАНЦУСКАТА ПОЛИЦИЈА ДОБИ ЗАБРАНА ДА КОРИСТИ ШОК-БОМБИ Мерка откако ученик ја загуби раката
Ограничувањето за употреба на шок-бомби претходно се однесуваше само на средношколските протести, но сега е проширено на сите оперативни ситуации.
Генералниот директор на француската полиција Луј Ложие денеска нареди употребата на шок-бомбата EF-SON за време на сите полициски операции да биде суспендирана до понатамошно известување.
Ограничувањето за употреба на шок-бомби претходно се однесуваше само на средношколските протести, но сега е проширено на сите оперативни ситуации, се наведува во телеграмата на генералниот директор на француската полиција, до која Фигаро имал увид.
Француските власти привремено ја суспендираа употребата на шок-бомби на протестите во средните училишта откога 15-годишен ученик ја изгуби раката во градот Ланс.
Во Франција од септември се одржуваат протести иницирани од студенти и ученици што бараат поголеми инвестиции во образовниот систем. Набргу им се придружија граѓани кои се побунија поради високите трошоци за живот и побараа зголемување на платите и конкретни социјални и економски мерки од владата.