ФРАНЦУСКИ НОСАЧ НА АВИОНИ ЌЕ ГО НАДГЛЕДУВА ОРМУСКИОТ ТЕСНЕЦ „Шарл де Гол“ ќе биде распореден откако договорот ќе биде потврден
Макрон рече дека француските и британските сили ќе бидат поддржани од Холандија и Италија.
Претседателот на Франција, Емануел Макрон денеска изјави дека францускиот носач на авиони „Шарл де Гол“ може да биде распореден во Ормуска Теснина во рок од два до три дена откако ќе биде потврден договорот помеѓу САД и Иран.
– Со Британците формиравме мисија за да помогнеме во отворањето на Ормуска Теснина, а „Шарл де Гол“ со своите придружни сили, кои остануваат во регионот, би можеле да бидат распоредени во рок од два или три дена од потврдувањето на договорот, наведе Макрон.