ФИНАЛЕТО НА ЛШ 2027 ЌЕ СЕ ИГРА НА „МЕТРОПОЛИТАНО“? Стадионот беше домаќин на финалето во 2019 година

Оваа информација не е уште потврдена од УЕФА. Се очекува конечната одлука за домаќинот на финалето во 2027 година да биде објавена на 21 мај 2025 година, за време на финалето на Лига Европа во Билбао.

112

Претседателот на Шпанската фудбалска федерација, Рафаел Лузан, потврди дека Мадрид ќе биде домаќин на финалето на Лигата на шампионите во 2027 година.

– Ги обезбедивме правата за домаќини за финалето на Лигата на шампионите. Ќе се игра на стадионот „Метрополитано“ во Мадрид – рече тој.






Оваа информација не е уште потврдена од УЕФА. Се очекува конечната одлука за домаќинот на финалето во 2027 година да биде објавена на 21 мај 2025 година, за време на финалето на Лига Европа во Билбао.

„Метрополитано“ беше домаќин во 2019 година кога Ливерпул го совлада Тотенхем со 2:0.

 

Поврзани содржини