📽️ ЕКОЛОШКА БОМБА НА ХВАР, ИСТЕЧЕ ГОРИВО ВО ЈАДРАНОТО Пукна резервоар на пумпа, полицијата истражува
Загадувањето е пријавено околу 9:30 часот во заливот Крижна Лука, каде што брзо реагирале полициските и поморските власти.
Голема еколошка закана се надвисна над островот Хвар откако утрово во Јадранското Море истекоа големи количини гориво. Според првични информации, инцидентот се случил поради пукнат резервоар на танк на бензинската пумпа ИНА, објави порталот „Далмација Данас“.
Загадувањето е пријавено околу 9:30 часот во заливот Крижна Лука, каде што брзо реагирале полициските и поморските власти.
„Припадници на Полициската станица Хвар и Поморската полициска станица, пожарникари, Хрватската крајбрежна стража и припадници на Капетанијата на пристаништата се на местото на настанот. Покрај постапките за санирање на штетата, ќе се спроведе и детална истрага за утврдување на сите околности“, соопшти сплитската полиција.
Сѐ уште не е познато колку гориво завршило во морето, ниту какви ќе бидат последиците врз морскиот екосистем.