СЛАВЈАНКА ПЕТРОВСКА ГО ПОТСЕТУВА ФИЛИПЧЕ ЗОШТО ОТИШЛА НА „РАЗГОВОРИ ВО 12.05“ Изборите за лидер беа нестатутарни, моите предлози за ветинг игнорирани

Петровска потсетува дека во 2024 година се кандидирала за претседател на СДСМ со програмата „Манифест за социјалдемократијата“, но ја повлекла кандидатурата поради, како што наведува, кршење на принципите и правилата во изборниот процес.

2

Моето учество во „Разговорите за Македонија во 12.05“ не е против СДСМ, туку за СДСМ. Затоа што јас сум социјалдемократ и по убедување и по дејствување – пишува поранешната министерка за одбрана и претседавачка на Централниот одбор на СДСМ Славјанка Петровска во објава на социјалната мрежа Фејсбук.

Во објавата Петровска вели дека примила многу телефонски повици со поддршка, прашања, но и со критики за нејзиното учество во иницијативата „Разговори за Македонија во 12.05“.






Петровска потсетува дека е членка на СДСМ од 2000 година и дека повеќе од две децении активно учествувала во партиските активности, изборни кампањи и политички процеси. Истакнува дека останала во партијата и во периодите кога СДСМ бележел изборни порази, како и во, како што наведува, најтешките моменти за партијата.

Петровска посочува дека била дел од протестите, политичките активности во периодот на објавувањето на „Вистината за Македонија“, како и од настаните поврзани со промените по 2017 година. Таа наведува дека своите државни функции – дополнителен заменик-министер за внатрешни работи, пратеничка и министерка за одбрана – ги прифатила во период кога партијата се соочувала со сериозни политички предизвици.

Осврнувајќи се на внатрепартиските случувања, Петровска потсетува дека во 2024 година се кандидирала за претседател на СДСМ со програмата „Манифест за социјалдемократијата“, но ја повлекла кандидатурата поради, како што наведува, кршење на принципите и правилата во изборниот процес.

Таа додава дека во изминатиот период предложила ветинг на пратениците и партиското раководство, како и измени на Статутот со цел поголема моќ на одлучување да добие членството, но, според неа, за тие предлози немало одговор.

 

СЛАВЈАНКА ПЕТРОВСКА Е НА РЕД ЗА БРКАЊЕ? Органите на СДСМ ќе расправаат за нејзиното учество во Иницијативата 12.05

 

Поврзани содржини