ПРОНАЈДЕНИ НАД 400 МОНЕТИ НА ЛОКАЛИТЕТОТ ЦРНОБУКИ Има и од Филип Втори и Александар Велики

Археолозите нагласуваат дека на локалитетот се откриени и траги од поширок временски опсег, вклучително и бронзеното време, додека сè уште не е потврдено за кој антички град точно се работи, иако постојат различни научни хипотези.

277

Во петгодишните систематски истражувања на археолошкиот локалитет Градиште кај селото Црнобуки, Битолско, досега се пронајдени над 400 монети, информираат археолозите од Завод и музеј – Битола, пишува Сдк.мк.

Меѓу наодите има примероци од времето на Филип II Македонски, со претстава на богот Зевс, како и монети од Александар Велики, Октавијан Август и од повеќе антички градови како Пела, Тесалоника, Амфиполис и Дирахион. Дел од нив потекнуваат и од римскиот републикански период, што, според истражувачите, претставува едно од најзначајните депоа на сребрени монети од тој период во Македонија.






Археолозите нагласуваат дека на локалитетот се откриени и траги од поширок временски опсег, вклучително и бронзеното време, додека сè уште не е потврдено за кој антички град точно се работи, иако постојат различни научни хипотези.

Истражувањата ги спроведува македонско-американски тим, а досегашните наоди покажуваат дека станува збор за економски развиено населено место со работилници, продавници и богат археолошки материјал, кој дополнително се анализира.

Поврзани содржини