ИГОР ШЕМА, АНДРЕЈ ПЕТРОВ И СЛАВЈАНКА ДА ТИ БИЛЕ ВИНОВНИ ШТО СДСМ ГИ ИЗГУБИ ИЗБОРИТЕ ВО 2024 ГОДИНА Нови смешки во соопштенијата на Бихаќка

„Сега, кога партијата е консолидирана, кога го врати угледот и довербата кај граѓаните, кога рејтингот расте, токму оние што, според нас, ја доведоа партијата до изборен пораз на претходните избори, денес бараат ‘реформи’?!“ – пишува СДСМ во соопштение.

0

Игор Ивановски, човекот кој денес се претставува како голем реформатор и носител на „Платформата за иднината на Мицкоски“, беше Генерален Секретар на СДСМ, потпретседател на СДСМ, а на последните парламентарни избори во 2024 година, кога партијата ја загуби власта, беше шеф на тимот кој ја пишуваше програмата и го подготвуваше програмскиот конгрес, заедно со својот близок соработник Андреј Петров – пишува СДСМ во соопштение.

„Други учесници во оваа таканаречена „платформа“ беа членови на Извршниот одбор и шефови на изборни штабови во првата изборна единица во 2024 година. Сега, истите тие луѓе кои беа дел од раководството и кои ја креираа програмата со која се изгубија изборите, се јавуваат како спасители на СДСМ и бараат реформи – но не од внатре, туку преку притисок однадвор, со вклучување на членови од други партии.






Особено е апсурдно кога во оваа „платформа“ се појавува и Славјанка Петровска – кој во 2024 година беше носител на листа и министерка во владата на СДСМ. Тогаш кога рејтингот е полош, за тоа е крив некој друг, а таа сега ќе прави реформи?

Во 2024 година имаше внатрепартиски избори. Во 2025 година повторно имаше. Зошто Ивановски, тогаш не направи своја реформска програма и не се кандидира против председателот Венко Филипче, кој победи со 18.000 гласови? Зошто не побара доверба од членството на СДСМ кога имаше шанса и кога беше на високи позиции во партијата?

Затоа што оваа „платформа“ не е за реформи во СДСМ. Да сакаа вистински да помогнат на СДСМ, ќе ги прифатеа повиците и понудите од Претсесателот Филипче да се приклучат и да работат за јакнење на органите на партијата.

Оваа платформа е ЗНАМ 2.0 – проект на Мицкоски за понатамошно слабеење и делење на опозицијата, по примерот на сестринската партија СНС и Вучиќ. Сега, кога партијата е консолидирана, кога го врати угледот и довербата кај граѓаните, кога рејтингот расте, токму оние што, според нас, ја доведоа партијата до изборен пораз на претходните избори, денес бараат „реформи“?! Реформи за да ја разбијат партијата токму сега, кога таа претставува сериозна закана за ВМРО“ – пишува СДСМ во соопштение.

Поврзани содржини