ЌЕ СЕ СПРОВЕДЕ СТРУЧЕН НАДЗОР ВРЗ ПОРОДУВАЊЕТО НА СТАНКА КОЈА ОСТАНА НЕПОДВИЖНА Ќе се вклучи и експерт од соседството

Комисијата за стручен надзор е составена од лекари специјалисти по неврологија, анестезиологија, гинекологија, радиологија и неврохирургија.

1

Министерството за здравство информира дека Државниот санитарен и здравствен инспекторат изврши вонредни инспекциски надзори во здравствените установи во кои пациентката Станка Михајлова (19) била прегледувана, породена и понатаму лекувана.

Надзорите беа спроведени во Општа болница Струмица, Клиничка болница Штип и во Универзитетска клиника за неврологија. Инспекторите извршија увид во здравствената евиденција и медицинската документација, а беа земени и изјави од здравствените работници вклучени во третманот.






Сепак, имајќи ги предвид сериозните здравствени компликации на пациентката, донесено е решение за спроведување стручен надзор над целокупниот тек на нејзиното породување и натамошно лекување.

Комисијата за стручен надзор е составена од лекари специјалисти по неврологија, анестезиологија, гинекологија, радиологија и неврохирургија.

Со цел да се обезбеди целосна, независна и објективна стручна процена, министерот за здравство побара во комисијата за стручен надзор да биде вклучен и медицински експерт од соседна држава. Тој ќе учествува во разгледувањето на целокупната медицинска документација на пациентката и во изготвувањето на стручното мислење за преземените дијагностички и терапевтски постапки.
По завршувањето на стручниот надзор, Министерството за здравство соопшти дека ќе ја информира јавноста за наодите и заклучоците.

Поврзани содржини