ГЕРМАНЕЦ СО ДРОН ЈА СНИМАЛ КАРАУЛАТА ВО РАДОЖДА Полицијата го уапси

А.С.(56) од Германија бил затекнат како со дрон ја снимал караулата во селото Радожда, сопственост на Армијата, место што е во забранета зона за снимање, соопшти полицијата.

1

Уапсен е државјанин на Германија кој со дрон ја снимал караулата во селото Радожда.

„На 5.8.2026 година во 14:30 часот во струшкото село Радоджа од слобода е лишен А.С.(56) од Германија поради сомнение дека сторил кривично дело Неовластено влегување во воени објекти и правење скици или цртежи на воени објекти и борбени средства согласно член 350 од Кривичниот законик. Тој бил затекнат како со дрон ја снимал караулата во селото Радожда, сопственост на Армијата, место што е во забранета зона за снимање“, соопшти полицијата.






Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот, по што ќе следува соодветна пријава, се додава во соопштението.

Поврзани содржини