ДРЖЕЛ СОГРАЃАНИН ДОМА И ГО МАЛТРЕТИРАЛ Кумановец заврши во притвор поради киднапирање
Кумановската полиција приведе 35-годишен маж, кај кого биле пронајдени дрога и предмети поврзани со случајот, истрагата е во тек.
Кумановската полиција приведе 35-годишен маж од Куманово, осомничен дека во изминатиот период држел сограѓанин против негова волја во својот дом и го малтретирал.
Според информациите од СВР Куманово, случајот се случувал од 29 до 31 мај, кога осомничениот, според пријавата, со употреба на сила го држел 36-годишниот познаник во објект во Куманово.
При полициската интервенција бил извршен претрес, при што кај осомничениот биле пронајдени и одземени марихуана, мобилен телефон со траги од бела прашкаста материја, како и други предмети за кои постои сомнеж дека се поврзани со случајот.
Лицето е лишено од слобода и задржано во полициска станица, а по целосно расчистување на случајот ќе следува соодветна кривична пријава.
Полицијата продолжува со истрагата за целосно утврдување на околностите