УДРИЛ ПЕШАК СО ТРОТИНЕТ И ПОБЕГНАЛ Прошетка низ Гостивар за 67-годишник завршила во болница
Пешак на возраст од 67 години се здобил со тешки повреди откако бил удрен од електричен тротинет на улица во Гостивар. Возачот го напуштил местото на несреќата, а полицијата трага по него.
Прошетка низ Гостивар завршила во болница за 67-годишен пешак, откако во него удрил електричен тротинет. Возачот веднаш потоа избегал од местото на несреќата, се вели во полицискиот билтен.
Настанот се случил во петокот околу 19 часот на улицата Браќа Ѓиноски.
Од ударот пешакот се здобил со тешки телесни повреди. Лекарите во Медицинскиот центар во Гостивар ја констатирале тежината на повредите.
Несреќата била пријавена во полиција, по што на местото излегла екипа од ОВР Гостивар. Увидот треба да ги утврди сите околности под кои се случил настанот.
Засега не е познат идентитетот на лицето кое го управувало тротинетот. Полицијата работи на негово пронаоѓање и расчистување на случајот.