БЕЗ ГАРАНЦИИ И БЕЗ ИСПОРАКА ОД БУГАРИЈА, УСТАВНИ ИЗМЕНИ НЕМА ДА ИМА! Порака од ВМРО-ДПМНЕ до Румен Радев

Додека се додворува на Радев, и додека се обидува да се докопа до власт, Филипче, како специјален пратеник на Бугарија во Македонија, да пренесе дека без гаранции уставни измени нема да се случат, и дека Македонија очекува испорака за пресудите од Стразбур – се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

0

ВМРО-ДПМНЕ во соопштение оцени дека лидерот на СДСМ Венко Филипче му се додворува на Румен Радев уште пред тој да стане премиер на Бугарија.

„Филипче почна да зборува за уставни измени и дека мора да се спроведат без гаранции, а тој уште веднаш би го направил истото доколку би имал власт. Јасно е дека Филипче го следи моделот на Заев и го носи неговиот политички багаж за да ја задржи фотелјата на Бихаќка. Поради тој модел, беа спроведени последните уставни измени, што доведе до тоа државата да го промени уставното име.






Тоа е таа штетна политика на СДСМ. Сега Филипче немајќи прибежиште, затоа што граѓаните го испратија СДСМ во опозиција пред скоро две години, се додворува на Бугарија, а членовите на највисокото раководство на СДСМ, поставени токму од Филипче, одржуваат бугарски релации со активисти кои шират бугарска пропаганда во Македонија.

Ставовите на официјална Софија се јасни: македонскиот јазик е бугарски дијалект, македонските револуционери се Бугари, и македонскиот и бугарскиот народ се ист народ во две земји.

Додека се додворува на Радев, и додека се обидува да се докопа до власт, Филипче, како специјален пратеник на Бугарија во Македонија, да пренесе дека без гаранции уставни измени нема да се случат, и дека Македонија очекува испорака за пресудите од Стразбур.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи да се прават национални отстапки и штети на државата, сe додека нема јасни и цврсти гаранции од ЕУ“ – се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини