Димитров: И покрај коронавирусот, Сенатот на Шпанија на 17 март ќе гласа за прием на Македонија во НАТО
Министерот за надворешни работи Никола Димитров преку Фејсбук објави дека Шпанија на 17 март ќе одржи седница за ратификација на протоколот за членство на Македонија во НАТО.
– И покрај кризата околу коронавирусот и суспендирањето на сите други активности, Сенатот на Шпанија пред малку одлучи на 17 март да одржи пленарна седница со единствена точка на дневен ред: Ратификација на Пристапниот протокол за членство на Северна Македонија во НАТО, напиша Димитров.