ШЕФОТ НА ЦИА МУ ГИ „ИСЦРТАЛ“ ГРАНИЦИТЕ НА КРЕМЉ Пораката била да не се отвора фронт со НАТО?

Кремљ тврди дека средба со Путин немало, но рускиот претседател бил целосно информиран за тајните разговори.

9

Ненајавената посета на директорот на ЦИА, Џон Рeтклиф, на Москва добива ново толкување. Според западните медиуми, тој дошол со директно предупредување до Кремљ да не отвора нов фронт на ескалација со НАТО.

Најконкретната верзија ја објави „Политико“. Според неа, Рeтклиф ја предупредил руската страна за опасностите од ескалација што би го зафатила балтичкиот регион.






„Волстрит џурнал“, пак, пишува дека американските разузнавачки служби имаат информации за можна нова руска мобилизација. Се разгледувале и сценарија со кои Москва би можела да ги тестира решителноста и единството на НАТО.

Директна порака

Останува нејасно кому точно му ја пренел пораката. Кремљ соопшти дека Ратклиф не се сретнал со рускиот претседател Владимир Путин. Портпаролот Дмитриј Песков, сепак, рече дека Путин бил целосно информиран за разговорите.

Во руски извори подоцна се појавија шпекулации дека средба со Путин сепак имало. Официјална потврда за тоа нема.

Мисијата на Барнс не успеа

Посетата на Ретклиф потсетува на мисијата на претходниот директор на ЦИА, Вилијам Барнс, во ноември 2021 година. Тој пристигна во Москва со предупредување за последиците од евентуален напад врз Украина.

Неколку месеци подоцна Русија ја почна окупацијата.

Останува нејасно за што зборувал новиот шеф на ЦИА во Москва.

Поврзани содржини