ДИЈАСПОРАТА ДОБИ АВИОЛИНИЈА ЖЕНАВА-СКОПЈЕ Николоски најави експресен пат Радовиш – Струмица – Ново Село

0

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски синоќа во обраќање на партиски настан во Ново Село изјави дека на барање на дијаспората е отворена директна линија Женева-Скопје.

Николоски синоќа присуствуваше на партиски настан во Ново Село, организиран од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, каде што се сретна со претставници на македонската дијаспора, членови и симпатизери на партијата.






– Прекрасна енергија во Ново Село! Вечерва на покана на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Ново Село имавме прекрасен настан, полн со позитивна енергија и патриотизам. Се сретнавме со нашинците од дијаспората и сите оние симпатизери и членови на ВМРО-ДПМНЕ со кои изминатите години заедно работевме на подобрување на животот во Македонија. Токму на барање на дијаспората отворивме директна линија Женева Скопје. Лет кој многу го користи дијаспората и со кој почесто и полесно се враќаат во Македонија – објави Николоски на Фејсбук.

Тој додаде дека работат на проект за изградба на експресен пат Радовиш – Струмица – Ново Село.

– Уште еден значаен инфраструктурен проект кој ќе го подобри животот на жителите од овој регион. ВМРО-ДПМНЕ е партија на народот, обединета и силна! – додаде Николоски.

Поврзани содржини